|
Сечкањето на кромидот можеби е една од најмачните работи кои ги правите во кујната. На интернет може да најдете мноштво совети како да го спречите солзењето на очите, а овие три можеби се најефикасни.
1. Загризете парче лебИако можеби ви звучи смешно поради некој досега чуден начин ова сепак функционира. Сè што треба да направите е да загризете парче леб и така да го држите цело време додека го сечете кромидот. Очите воопшто нема да ви солзат.
2. Ставете го кромидот во вода неколку минути
Излупете го кромидот и ставете го во сад со вода десеттина минути. Кога ќе го сечете очите нема да ви пуштат ниту една солза.
3. Загрејте го кромидот во микробранова печка околу 45 секунди
Единствената маана на овој трик е тоа што кромидот ќе биде топол, но резултатот е неверојатен. Меѓутоа постои уште еден мал трик – кромидот мора брзо да го исечкате додека е топол затоа што штом се излади очите повторно ќе почнат да ви солзат.