Три хороскопски знаци кои не можат да бидат сами

ИЗВОРНов Лист
|

Додека едни уживаат во дружења, други во својата самотија, трети во љубовта, постојат и такви кои се плашат да бидат сами.

Нив често ќе ги најдете во долги и стабилни врски. Но, доколку се случи некако да останат сингл, тие се чувствуваат како најнесреќни на светот и често се со кој било, само за да не бидат сами.

Близнаци

Се работи за многу друштвени личности кои сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие сакаат да споделуваат искуства и многу им е важно да контактираат со многумина. Тие се осамени дури и кога некој од пријателите ги одбил поради друга обврска, а крај на врска за нив е крај на светот, додека да влезат во нова.

Водолија


И Водолиите избираат да бидат опкружени со многу луѓе. Сакаат околу себе да имаат што повеќе пријатели. Кога се работи за љубовта, најсреќни се кога имаат партнер.

Вага


Грижливите Ваги сакаат сè околу нив да е во хармонија и откако ќе ја постигнат, се трудат да ја задржат цело време. Лесно склопуваат нови пријателства, а уште полесно влегуваат во врска. Без својот партнер се чувствуваат осамено и тажно.