Астролозите велат дека поединечни знаци на Зодијакот изгледаат како санта мраз, но во нивните срца се кријат длабоки емоции кои ги покажуваат само на оние кои им се најдраги.
Таквите знаци најдобро знаат да сакаат, но само тогаш кога се сигурни дека нема да бидат повредени или оставени.
Јарец
Делуваат студено и недопирливо, а на прв поглед се исклучително арогантни и изгледаат како да се опкружени со ѕид кој никој никогаш нема да успее да го сруши. Честопати се чини дека Јарците не знаат да покажат емоции, а нивниот ладен карактер често ги одбива луѓето, поради што тие во суштина патат.
Но, доколку ви дозволат да им се доближите и се осмелат да го отворат своето срце и душа, ќе бидете дарувани со многу љубов каква што не можете ниту да замислите. Она што ќе го доживеете со еден Јарец е вистински благослов.
Водолија
Водолиите тешко ги покажуваат своите емоции, без разлика дали станува збор за среќа или тага. Тие се однесуваат како да го сакаат целиот свет и тагуваат некоја универзална тага, но она што нив лично ги допира речиси никогаш нема да го видите.
Но, доколку овој воздушен знак сфати дека покрај себе има некој со кој е поврзан на сите нивоа и духовно и интелектуално и физички, ќе биде подготвен да му ги пружи најтоплите емоции кои ги греат срцата дури и на оние најстудените.
Лав
Лавовите важат за најголемите егоцентрици на Зодијакот и често се „држат“ над секоја ситуација. Бидејќи се фокусирани на себе, како што многумина тврдат, нивните емоции се резервирани само за оние што им значат. Некои астролози сметаат дека овој знак има најмало чувство за емпатија.
Но, не е секогаш така. Кога ќе го освоите срцето на Лавот, очекувајте да бидете ставени на пиедестал.
Кога Лавовите сакаат и ги прифаќаат оние ретките кои умеат да им пријдат, тоа секогаш е со цело срце и без задршка.