Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(54), Н.Н.(28) и С.Б.(68), сите од Злетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.
Пријавениот Н.Ј., во текот на септември 2019 од шумска парцела во сопственост на физички лица, со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, ПШС „Осогово“-Кочани, лоциран во атар на пробиштипското село Ратковица, бесправно исекол огревно дрво.
Потоа, во неутврден временски период во текот на септември, Н.Ј., заедно со пријавените Н.Н. и С.Б., извршил транспортирање на исечените дрва и продажба на дел од нив во село Злетово, со што се стекнале со противправна имотна корист, а причиниле штета во износ од 150.000 денари.