Стаклото е поставено на автобуска постојка со натпис – “Скрши го! Ако успееш во тоа, дома ќе си понесеш три милиони долари!”.
Компанијата 3M Security од САД привлече големо внимание од светската јавност поради својата рекламна кампања за која што сè уште се зборува на големо. Всушност, тие својот производ го ставиле на еден невообичаен “тест”.
Тие поставиле стакло на автобуска постојка и напишале – “Скрши го! Ако успееш во тоа, дома ќе си понесеш три милиони долари!”.
Секако, во стаклото нема три милиони, туку 500 долари подредени помеѓу куп од лажни пари, а обезбедувањето се грижело и за тоа за кршењето да се прави според одредени правила – стаклото може да се обидете да го скршите само со нога!
Што мислите, дали некој успеал воопшто да го скрши ова стакло, според нивните правила?
Најдобрата политичка реклама што сте ја виделе
Иако е постара рекламата, датира од 2016 година со сигурност можеме да кажеме дека е една од најдобрите политички реклами некогаш направени.
Шарлин, сопругата на републиканецот Џералд Доерти, е дел од политичката кампања на нејзиниот сопруг кој се кандидира за комесар на округот Тревис во Тексас. Видеото, со наслов „Please Re-Elect Geraldе“ е објавено наYouTube и веќе има повеќе од 3,3 милиони прегледи.
Во него Џералд постојано им зборува на луѓето за проблемите во округот, за даноците и транспортот, додека сопругата за него вели дека нема хоби, туку единствено мисли за работата. Ова е една од најдобрите и најсмешните политички реклами што сте ги виделе досега.