Ова се трите најсебични знаци во хороскопот – Мислат само на себе

ИЗВОРНов Лист
|

Овен

Првиот знак во Зодијакот, еднакво и најогнен, има многу доблести, но и една огромна маана која што им пречи речиси на сите, а тоа е нарцисоидноста. Иако е добро и здраво да се сакате самите себе, припадниците не овој знак често во тоа претеруваат и одат толку многу далеку што себеси секогаш се гледаат како победници, најпаметни, најубави и најспособни во светот. Освен што тоа некогаш може да ги чини пријателство, лошо може да влијае и во нивната љубов.

Вага

Вагите се сметаат за едни од најповршните знаци во Зодијакот. Тие сакаат естетика, но и вистински и убави работи како и луѓе, па поради тоа може да се каже дека така го гледаат и светот околу себе, но и самите себеси. Обожуваат да привлекуваат внимание кај луѓето и да зборуваат за своите успеси, а неретко и претеруваат во тоа. Не е важно дали нешто сте направиле еднакво добро како нив, Вагите ќе ви кажат дека тие го направиле подобро.

Лав

Огнените Лавови се познати по својата егоцентричност и тоа тие не се обидуваат да го скријат од другите. Тие искрено се сакаат себеси, обожуваат да бидат во центар на внимание и често сè знаат најдобро. Колку Лавовите сакаат да имаат добар углед во друштвото кажува и фактот што тие би прифатиле да направат нешто за другите само доколку се зборува убаво за нив.