Три најсилни жени меѓу хороскопските знаци кои никогаш не се предаваат

ИЗВОРНов Лист
|

Се прашувате кои се трите хороскопски знаци кои се надарени со голема сила и издржливост?

Вага

Да почнеме со неа, Вагата. Жената Вага насекаде го бара балансот, и во себе, и во меѓучовечките односи. Таа е ведра и искрена жена, способна да се справи со секоја ситуациите и излегува како победник особено поради добрата доза на рационалност. Таа речиси никогаш не кажува лаги и природно е насочена кон потрагата по вистината. Но, Вагата е, исто така, тврдоглав знак и има тенденција да се изолира од токсични луѓе. Трпението е голем сојузник на овој знак. Но, Вагата знае кога да стави точка – кога ситуацијата станува штетна за нејзината рамнотежа – пред да ја стави точката, издржува дури и повеќе од што мора. Сепак, кога таа точка ќе биде ставена, нема повеќе назад. Себеси знае како да си прости, но не и на оние кои и донеле неправда. Жената Вага најдобро знае како да се соочи со сопствените стравови и да ги надмине.

Бик

Жената Бик има голема глава и големо срце. Двете главни карактеристики на овој знак, особено кога станува збор за жена, се тврдоглавоста и контролата на емоциите. Оваа комбинација и помага да управуваат со сите тешки ситуации, и на личен и на деловен план. Жената Бик не толерира ароганција, а камоли да ја третирате како да не ја забележувате во тоа што го прави за вас. Најдобро од сите хороскопски знаци знае како да ја зачува независноста и автономијата, но не планира да се откаже од социјализација. Таа не е ладна жена, иако остава таков впечаток, напротив, кога таа е опуштена, има многу да им понуди на оние околу неа. Нејзината одговорна и контролирана природа се клучните елементи кои ја прават исклучително силна. Нема да му прости на оној кој ќе ја повреди. Кога ќе „падне“ таа е вистински феникс – ќе полета од пепелта.

Јарец

На крајот, жената родена под знакот на Јарец. Културна е и елегантна. Сè што го поттикнува интелектот и го стимулира срцето, неа ќе и се допадне. Јарецот е многу самокритичен знак и секогаш е во потрага по совршенство и по личен напредок. Јарецот, во својата женска верзија, е знак кои цврсто стои на нозе на теренот: знае што ја опкружува и токму тоа го користи како алатка за комуникација и анализа за себе, како и за предвидување на тоа што следува. Се опкружува со пријатели кои се силни приближно како неа, секогаш бара квалитет пред количина. Иако остава впечаток на бездушна хорина, во суштина е грижлива, емотивна и страствена жена: дише со срце.