Постојат неколку острови во Грција кои изобилуваат со убавина и многу се пристапни за десетдневно летување во текот на сезоната.
Скијатос
Во западните води на Егејското море сместен е магичниот остров Скијатос, “островот на сенките“. Малиот остров има 66 плажи од кои автобусот може да ве однесе само на 26 од нив. Затоа “рент а кар“ тука е идеално решение за вас, а малите плажи кои се спојуваат со боровата шума може да ви овозможат природна сенка. Патувањето до Волос трае од 13 до 15 часа, а потоа треба да се возите уште еден час со траект за да стигнете до овој остров.
Евија
Ако се спуштиме малку подолу од Скијатос таму нè чека вториот остров по големина во Грција кој е оддалечен само 80 километри од Атина. Од копнениот дел одвоен е со тесен мореуз наречен Еурипос по необичниот тек на морската вода, па така на секои шест часа за време на доаѓањето на плимата и осеката токот на водата малку запира создавајќи “бран кој стои“. Островот го покриваат високи борови дрвја и елки, а плажите се заштитени со големи карпи.
Лефкада
Иако патот до Лефкада која е сместена на Јонското море е исцрпувачки, сепак заморот ќе ви се исплати штом зачекорите на некоја од неговите преубави плажи. Несекојдневните плажи се главната одлика на овој остров, а преубавата и бујна вегетација создава впечаток на шаренило од бои кои ќе го воодушеват вашето око. Историјата и традицијата може да се најдат во секоја продавничка на островот, а за љубителите на ноќниот живот секако дека има места на кои може да се “лудува“.