Трифун Костовски објави линк од Извештај за истрагата за „Еуростандард банка“

ИЗВОРНов Лист
|

Во јули Трифун Костовски објави дека во август ќе ја открие тајната позади „Еуростандард банка“.

Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнаен извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци.

Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија, објави тогаш Костовски.

Трифун Костовски денеска објави дека целосниот Извештај од истрагата за стечајот во „Еуростандард банка“ за кој информираше вчера на прес-конференција е достапен преку порталот „Човекот пред се“, а истиот можете да го погледнете со клик ТУКА.