Трик кој нема да ви го кажат на бензинска – заштедете пари при точење гориво

ИЗВОРНов Лист
|

Доколку сакате да заштедите на гориво, еве неколку совети како тоа да го направите.

Не точете до врв – Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.

Добро затворете го резервоарот – Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.

Одржувајте го моторот – Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.

Користете квалитетно масло – Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.