Не точете до врв
Оној момент кога дршката за бензин ќе кликне и ќе престане да точи гориво во резервоарот, вашиот автомобил добил точно толку гориво колку што собира. Нема потреба да ја стискате рачката повторно, за да дополните. Тоа гориво ќе се разлее и моторот нема да го потроши, а вие ќе го платите.
Добро затворете го резервоарот
Бензинот ќе испари, ако има доток на воздух. Поради неисправни капачиња, годишно во воздух испаруваат 540 милиони литри гориво.
Одржувајте го моторот
Автомобил кој не поминал еко тест или има истрошени или неисправни свеќици може да троши и до 30 отсто повеќе.
Користете квалитетно масло
Доколку употребувате масло кое го препорачува произведувачот на автомобилот може да заштедите 1 до 2 отсто на гориво.
Како да заштедите и до 50 евра месечно за гориво
Трошоците за гориво зафаќаат голем дел од вкупната месечна потрошувачка на секое домаќинство.
Месечно се трошат од 100 до 200 евра за гориво, и тоа ако имате само едно возило. Следејќи ги овие совети може да ги намалите трошоците за половина.
1. Одржувајте го автомобилот во исправна состојба
Валканите воздушни филтри може да ја зголемат потрошувачката за бензин за 4%. Морате да правите редовните прегледи со кои ќе го одржувате во постојана форма вашето возило. Правејќи го тоа, ќе успеете да заштедите по некој денар.
2. Забрзувајте непречено
Оптималната брзина за возење изнесува 90 километри на час. Се разбира дека во градските услови тоа е невозможно. Можно е сепак да забрзувате непречено и да не го притискате педалот за гас со повеќе од една третина од неговиот потег. Новите автомобили ви овозможуваат да менувате на пониски вртежи, а тоа ви штеди гориво.
3. Редовно проверувајте ги гумите
Меките гуми водат кон дополнителна потрошувачка за гориво. Малку повеќе притисок од дозволеното ќе ви овозможи да заштедите гориво. Обрнете внимание на фактот дека тој не треба да биде над 0.5 бари.