Трик од искусни домаќинки: Како свежиот лук да трае долго

ИЗВОРНов Лист
|

Лукот не е лесен за чување бидејќи често се случува да започне да ‘рти. Еве еден трик, кој не само што ќе ви помогне да заштедите на лук, туку исто така ќе добиете еден многу здрав и корисен прелив.

Излупете ја главицата лук и секое чешне лук поединечно ставете го да стои во маслиново масло се додека не го употребите.

Земајте си лук од теглата секогаш кога ќе ви треба, а кога ќе го потрошите, не го истурајте маслото бидејќи тоа ќе биде претворено во здрав ароматичен прелив погоден за сосови, преливи за салати, како и за готвење.

Мора да пробате!