Трик со помош на кој најбрзо ќе ги излупите печените пиперки за ајвар

ИЗВОРНов Лист
|

Започна сезоната на приготвување на зимница и ајвар, која е незамислива без вкусни и миризливи пиперки. Сепак, она со што се мач ат многу домаќинки е лупењето на печените пиперки.

Иако печената пиперка има мека текстура, нејзината кора е тврда и цврста, па не придонесува за вкусот или изгледот на јадењето што го подготвувате. Доколку правите ајвар истите мора да бидат многу добро излупени и исцедени со цел јадењето подолго време да го задржи авојот квалитет и да не се расипе.

За среќа, постои трик и за овој проблем, со кој можете да излупите пиперки во само неколку чекори.

Кога ќе ги испечете пиперките, веднаш ставете ги во пластична кеса и оставете ги да одморат 30 минути. Совет е да се стави крпа преку кесичката за дополнително да се попарат пиперките.

По 30 минути отворете ја кесата и посипете ги пиперките со малку сол, па повторно оставете ги во неа додека целосно не се изладат.

Кога ќе се оладат, извадете ги пиперките и почнете да ја лупите кожата со прстите. Ќе можете да ги одлепите со само неколку потези.