Трик за највкусното пире од компири – го правите во вода, а тоа е погрешно! Еве во што е тајната

ИЗВОРНов Лист
|

Пирето од компири е вистинска класика помеѓу прилозите за јадење. За тоа потребно е да ги излупите компирите, да се сварат во вода, добро да се изгмечат, а потоа се додава малку млеко, маргарин, мускатно оревче, сол и бибер.

Меѓутоа професионалните готвачи тврдат дека со помош на овој едноставен трик пирето може да добие поразлична арома.

Компирот е како мал сунѓер – ја впива течноста во која се готви (а поради тоа пирето подоцна може полесно да се гмечи).

Но, водата не му дава никаква арома на компирот, а поради тоа најдобро е компирот да го варите во малку посолено млеко. Така компирот веднаш ќе преземе дел од аромата и подоцна во текот на процесот на правење ќе биде кремасто.

Освен тоа, кога го правите пирето во млекото додадете малку густин. Доколку подоцна ви треба малку повеќе течност за пирето тогаш нема да мора да додавате ладно млеко од фрижидерот туку мешавина на густин и млеко – тоа ќе го згусти и ќе му додаде арома на пирето.

Совет за гурманите
За уште поинтензивен вкус може да го направите компирот во павлака за готвење и да го зачините со малку лук и свежи зачини (како мајчина душица или рузмарин).