Трик за поховање на месо: Подготвено на овој начин ќе биде помалку масно

|

Месото поховано во рерна ќе биде исто толку вкусно и крцкаво, а нема да биде масно како кога се подготвува во длабоко масло на шпорет.

На овој начин можете да подготвите секаков вид на месо, но и зеленчук како тиквички, карфиол.

Постапката е следна: Прво вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Потоа подгответе го месото кое сакате да го јадете на вообичаен начин, на пример, извалкајте го месото во брашно, јајца и на крај во презла. Веднаш подгответе ги сите парчиња што планирате да ги поховате.

Во плех ставете малку масло, колку да се премачка дното и ставете го во загреана рерна. Држете кратко, само да се загрее маслото, па ставете ги парчињата подготвени за печење и одозгора премачкајте ги со масло. На половина од печењето превртете ги парчињата на другата страна.