Трик за совршено јајце на око: Никогаш нема да ви се залепи на овој начин

ИЗВОРНов Лист
|

Сте пробале се и ништо не помага? Тогаш овој трик е идеален за вас.

Имате одлично тавче со непробојно дно, но кога пржите јајца на око, секогаш ви се лепат?

Белките се многу лепливи и стигнуваат до најмалите дупчиња на тефлонското тавче. Таму се стврднуваат од топлината и остануваат залепени за тавчето. Сакате јајце на око што не се лепи за дното и со едноставно движење на раката се вади од тавчето?

Овој трик го гарантира тоа!
Совршено јајце на око благодарение на хартија за печење.

На дното на тавчето ставете парче хартија за печење и вклучете го шпоретот на средна температура.

Ставете во тавчето парче путер или малку маслиново масло, па извадете го јајцето од лушпата малку над хартијата за печење.
Потоа покријте го тавчето со капак и чекајте да се испржи јајцето.
Потоа, префрлете ги јајцата – во целост – на чинија. Најдобро од се’ е тоа што потоа нема да морате да го триете тавчето од загорените остатоци од белки, туку само да го исплакнете со вода.