Трикови како да победите во кршењето со јајца, придржувајте се кон овие совети

|

Кршењето со јајца е една од велигденските традиции, особено на голема радост на помладите членови на семејството.

Во текот на секој велигденски оброк, повеќето семејства организираат вистински мали натпревари, чие јајце ќе победи. Затоа, ви откриваме неколку трикови, како вие да го изберете најсилно јајце.

Голема заблуда е дека поголемите јајца се и посилни. Изберете ги помалите јајца, бидејќи тие обично се посилни и имаат поостар и попрецизен врв.

Јајцето можете да го тестирате и ако нежно го удрите од забите. Она јајце кое е силно, ќе предизвика лесен, висок звук, додека послабите јајца ќе произведат придушен звук.

За бор бата да биде рамноправна, кршењето започнува со истите краеви: врв со врв, а поширокиот крај се удира со поширокиот крај на другото јајце. Држете го јајцето цврсто и удрете силно и прецизно.

Без разлика дали јајцето што го одбравте ќе победи или не, важно е да се забавувате и да уживате со семејствотот во најрадосниот христијански празник.