Трикови со кои ќе имате успех на секое интервју

ИЗВОРНов Лист
|

Постојат голем број на совети од експерти кои можат да ви помогнат подобро да се подготвите и со тоа да ја намалите непотребната несигурност.

Се е во воведот

Морате да бидете најдобро што можете спремни за моментот “Кажете ми нешто за себе”. Направете листа на вашите најдобри вештини. Извежбајте го говорот, со тоа ќе звучите и посамоуверено.

Не ја потценувајте моќта на истражувањето

Секогаш истражете за компанијата кај која аплицирате. Научете што е можно повеќе за неа и соберете ги клучните информации. Фактот дека сте одвоиле време за да прочитате ќе значи дека сте сериозно заинтересирани за позицијата и фирмата.

Невербалната комуникација е клучот

Обрнете внимание на говорот на вашето тело. Никогаш немојте да ги прекрстувајте рацете или пак да гледате доле или на страна. Директниот контакт и повремената насмевка се клучната комбинација.