Трипати повисок данок предлага владата со новиот закон за данок на имот

ИЗВОРНов Лист
|

Со нов закон за данок на имот што наскоро ќе оди на дебата, ќе се предвиди трипати повисок данок на имот да се плаќа за недвижнините кои сопствениците не ги користат.

Со законот би значело дека за вториот, третиот и сите останати станови, деловни простории, што ги поседуваат граѓаните ќе плаќаат многу поголем данок од оној што го плаќаат за недвижнината што ја кроистат.

Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите кои имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, се што не е искористено, пред сé од државата, го појасни новиот закон премиерот Зоран Заев во саботното интервју за Дојче веле и додаде дека истиот принцип ќе важи и за државниот имот кој стои неискористен.