Во хороскопот постојат три знака чии претставници многу често постојано го посакуваат тоа што не можат да го имаат.
Близнаци
Родените во овој знак секогаш прават повеќе планови отколку што можат да исполнат и забораваат колку се зафатени. Бидејќи се големи екстроверти, секогаш се опкружени со многу луѓе на кои постојано им даваат ветувања кои не можат да ги исполнат.
Но, тие нема да сфатат дека нема никогаш нема да имаат доволно време за сето она што го посакуваат.
Девица
Родените во овој знак ги имаат најголемите стандарди во хороскопот. Тие постојано ја бараат совршената личност, совршената работа, совршеното место за живеење, а никогаш не успеваат да научат дека совршеноста не постои.
Девиците посакуваат живот за себе кој ќе ги исполни сите нивни желби и очекувања, а многу често очекуваат тоа да се случи преку ноќ. Но, работите не се така едноставни во реалноста.
Шкорпија
Шкорпиите посакуваат вистинска љубов, но се многу затворени и мистериозни личности кои понекогаш ги заплашуваат другите околу нив.
Тие имаат прилично високи стандарди и очекувања од другите, но често забораваат дека другата страна не е единствената која треба да исполни нешто, туку и тие самите носат одредена одговорност.