|
На 16.08.2023 во 04.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на с.Видрани, Т.Б.С.(26) од с.Другово, кичевско, управувајќи патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала од коловозот.
-Со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Општата болница во Кичево, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците В.В.(19) и С.С.(34), двајцата од Кичево, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.