Тројца ракометари го кажаа судбоносното „ДА“ во исти ден- ракометарите на маки каде да присуствуваат на свадба

ИЗВОРСкопје24
|

Тројца македонски репрезентативци го кажаа судбоносното „ДА“. Откако минатата година Филип Талески и неговата поубава половина Ена направија веридба, а потоа станаа родители на Софиа, направија свадбена веселба на која присуствуваа дел од ракометарите.

Непланирано во ист ден на „лудиот камен“ стапнаа и Веле Марковски и Дарко Димитриоски.

Се чини на најголема мака се нивните сегашни и поранешни соиграчи, навистина е тешко да одберат на која свадбена церемонија да присуствуваат.