|
Денеска (26.07.2023) во 00.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, кај с.Лескоец, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(31) од Охрид и патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.К.(53) од с. Горно Оризари, битолско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „опел“, констатирани во Општа болница Охрид, додека со телесни повреди се здобил возачот на возилото „пежо“ и неговиот сопатник Н.А. од Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.