Тропска бура во Јапонија

ИЗВОРТелма
|

Во тропска бура го зафати југозападниот дел на Јапонија проследена со жестоки врнежи и ветрови повр едени се десетици луѓе.

Таа сега го промени правецот и се движи кон Токио.

Во налетот на бурата поплавени се голем број улици, а дел од домаќинствата останаа без електрична енергија.

Според Јапонската метеоролошка агенција, Бурата Нанмадол е проследена и со ветер со брзина од 108 километри на час и налети до 162 километри на час.

Десетици илјади луѓе ја поминаа ноќта во објекти за превентивна евакуација.Прогнозите се дека бурата ќе продолжи кон главниот јапонски остров Хоншу, ослободувајќи обилни врнежи над регионот кој ги опфаќа градовите Осака и Кјото, пред да се пресели над Токио во текот на денешниот ден, а потоа ќе го смени својот правец кон североисточна Јапонија.