Родените во овие хороскопски знаци буквално трошат како да не постои утре. Воопшто не знаат да располагаат со пари!
Вага
Вагите го живее секој ден како да ѝ е последен, а е познато дека е лоша со парите. Сака трендови, сака шопинг, а и последниот денар ќе го потроши да ја направи убава и негувана, дури и ако тоа значи дека нема со што потоа да ги плати сметките. Вагата додека се приближува до крајот на месецот, треба да избегнува да поминува низ улиците каде што и се омилените продавници, од таму ќе излезе без денар!
Стрелец
Стрелецот, најголемиот сонувач на зодијакот, е управуван од Јупитер и секогаш троши пари на работи кои го стимулираат неговиот ум. Кај Стрелец ќе најдете неверојатни количини книги, најнеобична храна, ќе го плати најскапото патување, сака да си угодува и да прави спомени кои потоа ќе ги негува до крајот на животот. Стрелецот, на крајот на краиштата, е знак кој сака да заработува и секогаш некако, некаде, се грижи да му останат доволно пари за потребните работи, макар тие биле здодевни.
Риби
„Млитавите“ Риби не се дека не можат да се снајдат со пари, едноставно не им е грижа за тоа, имаат поважни работи или барем така мислат. Дарежливи се и со пари и со се што поседуваат, поради што често едвај врзуваат крај со крај на крајот на месецот. Рибите ќе потрошат најмногу пари за својот дом, за нови украси, мебел, светилки, украси… Тие се омилени муштерии на тапацирите и другите мајстори кои го менуваат и разубавуваат домот. Проблемот со Рибите е нивниот двоен карактер, она што им се допаѓа оваа недела, но следната им здодева, поради што постојано бараат, и трошат повеќе.