Tрошокот за пренос не смее да биде поголем од оној за струја, тврдат експертите

ИЗВОРНов Лист
|

Откако ЕВН почна да доставува детални сметки се отворија броjни дилеми кај граѓаните. Енергетските експерти тврдат дека во никој случај трошокот за пренос не може да биде поголем од оној за основниот продукт – струјата, тврдат енергетските експерти за „Алфа

Тие сметаат дека ваквиот начин на презентација на сметките ги збунува граѓаните и отвора простор за кражби од страна на енергетските компании и тоа токму од оние кои уредно плаќаат. Овие пари биле чист профит за овие фирми.

Според структурата на сметката на просечен граѓанин која треба да ја плати за струја, може да се види дека на сметка од 3.150 денари, најголем дел или 48,6% отпаѓа на трошок за пренос и дистрибуција, 41% само за потрошената струја, 5% ДДВ и 5,8% за комунална такса за јавно осветлување.

Македонија е меѓу земјите во кои учеството на мрежарината во вкупната цена на струјата е најголемо. Во Србија овој трошок за дистрибуција е сличен, 46%, додека само 26% отпаѓа на потрошената струја. Во рамки на Европската унија трошокот за дистрибуција е најголем во Унгарија – 45% во крајната цена за домаќинствата. Најмал е во Италија, под 20%. Таму самата струја има најголем удел во вкупната сума или 81%, пренесува алфа.