Доколку се уште се мислите каде да заминете на одмор оваа годна, а тоа да биде одмор во вистинска смисла на збор, без гужва, галама, а сепак да сте во Македонија тогаш Трпејца е идеална за вас. Мир и спокој.
Трпејца преставува една од најубавите туристички дестинации во земјава, позната уште и како македонскиот Сен Тропе.
Станува збор за рибарско село на 13 километри одалеченост од центарот на Охрид, на самиот пат од Охрид кон Св. Наум.
Малку поинаков туризам од вообичаената гужва на плажите, поинаков од оној со досадните чадори и лежалки на кои што постојано лежат црнумурестите, досадни туристи.
Плажата е од ситен бел камен и се протега на некои 200-на метри покрај езерото, кое тука е сосема проѕирно и во кое се огледуваат белите каменчиња, кaко некоја боженствена сила, низ вековите, со бесконечно трпение да ги редила во водата. На самата плажа се наоѓаат неколку вили кои имаат соби за изнајмување и кои се во сопственост на прегостољубивите Трпејчани. Доклку се сместите во некоја од нив, вие буквално ќе уживате во сите убавини што може да ви ги понуди Охридското езерото кога постојано се наоѓате на само 3-4 метри од него.
Трпејца е идеално место доколку сакате да се одморите, поголемот дел од денот да го поминете на самата плажа, ручокот да го направите на скара онаму каде што сте сместени, да испиете некое пивце и повторно да се вратите на вашите крпи кои нетрпеливо ве чекаат испружени врз каменчињата на плажата.