Потребни состојки: -1 голема краставица -160 грама грчки јогурт -1 лажица маслиново масло -2 лажички копар -1/5 лажичка лимонов сок -1 поголемо чешне лук -1/4 лажичка сол
Начин на подготовка: Најпрво изрендајте ја краставицата, а потоа истискајте ја со раце за да го исцедите вишокот вода. Така исцедена, ставете ја краставицата во сад, па додајте го јогуртот, маслиновото масло, копарот, солта, лукот и лимоновиот сок, па добро промешајте и оставете да отстои околу 5 минути. Пробајте ја салатата, па ако сакате повеќе зачин, слободно додајте.
Можете да ја јадете веднаш или прво да ја оставите да се олади во фрижидер. Исто така, ако ја чувате во фрижидер, таа ќе биде вкусна и во наредните четири дена. Добар апетит!
За брзи летни тањири: Рагу со мелено месо и чили пиперки
Едноставно и брзо за подготовка, совршенство на вкус и мирис…
Подготовка: -500 г мешано мелено месо -2 чили-пиперки -2 главици кромид -2 чешниња лук -2 поголеми компири -2 лажици путер или маргарин -1 лажица слатка црвена мелена пиперка -250 мл супа од коцка -150 г грашок -кари во прав -мелен сув зачин -црн пипер
Подготовка: – Чили-пиперките, лукот и кромидот ситно исечкајте ги. Комирите исечкајте ги на коцки.
– Месото убаво пропржете го на растопен путер. Додадете го сечканиопт кромид и пржете уште малку. Потоа додадете го сечканото лукче, па чили-пиперките и зачинете по вкус со чили во прав и мелена црвена пиперка. Динстајте уште малку.
– Сега сипете ја супата од коцка и кога ќе проврие додадете ги исечканите компири.
– Варете го јадењето на тивко уште 20-тина минути. Додадете мелен сув зачин по вкус.
– Додадете го и грашокот и варете го рагуто додека не се свари грашокот.
– Пред да го послужите, посипете со црн пипер.