Турист платил сметка од 130 евра на грчкиот остров Родос за чистење на ушите.
Според телевизијата Скај тоа е нов случај на „пројава на печалење пари во наше туристичко место“. 78-годишниот Грк со финско државјанство побарал медицинска помош заради чувствителност на ушите на морска вода. Сметката за медицинската интервенција била – 130 евра.
Слично искуство имал и Американскиот вojник Франциско Техада, познат како Сиско Рок, кој имал многу лошо искуство во еден ресторан на островот Миконос.
“Ова е cpамота! За шест порции лигњи ни наплатија 600 евра, а за шест локални лагер пива 150 евра”, напишал тој. За три Цезар салати им наплатиле 60 евра, две шишиња вода 17.80 евра, а чаша сок од портокал, како прилог на лигњите, 18 евра.
Неговата приказна се рашири ширум светот, а сега се огласи и сопственикот на ресторанот Димитрис Каламарас. Тој вели дека му е жал поради начинот на кој гостинот се изразувал, но исто така потврди дека цените се точни.
“Иако сметаме дека цените се во согласност на нивото на нашиот напор, грижа и квалитетот на храната која ја сервираме на една од најпосакуваните плажи во светот, можеме да го разбереме и незадоволството на гостинот. Сепак, да се рече дека сме “светска замка” не е во ред.
Не само што цените се истакнати на табла пред влезот, како сите би можеле да ги видат, туку и во ресторанот им нудиме мени на гостите, па тие можат да прочитаат колкава е цената на храната и пијалоците”.