Туристичка понуда: На Крит се изнајмува кревет под отворено за 32 евра од ноќ

ИЗВОРСкопје24
|

Преку популарната платформа Аирбнб туристите може да изнајмат сместување на Крит под отворено небо , и тоа во кревет поставен во двор.

Жена од градот Палеокастро изнајмува кревет поставен во дворот на нејзината куќа и ги повикува туристите на одмор под ,,ѕвездено небо” . Во огласот на гостите не им се нуди клима уред, телевизор или пожарен аларм, но затоа имаат заедничка кујна, бања и тоалет во дворот.

Доколку сакаат и ,,луксуз” како чистење на дворот , ќе треба да доплатат и ќе ги чини 41 евро. Минатото лето веќе имало туристи во ова сместување , а коментарите се повеќето позитивни , освен што дел од гостите се жаклат на блиската улица и постојаната бучава.

Плажата со црн песок отворена за туристите: После ерупцијата на вулканот природата направи феномен

Преубавата плажа на најголемиот хавајски остров стана црна после ерупцијата на вулканот Килауеа во мај минатата година, што доведе до уништување на голем број куќи и загуба од милиони долари.

Сепак, сето тоа уништување донесе и нешто добро, затоа што ерупцијата доведе до тоа да се промени бојата на песокот на плажата во Похоики.

Популарниот парк Похоики беше затворен во изминатите 6 месеци од ерупцијата на вулканот. Но, од 6 јануари плажата одново е отворена.

Засега, сите посетители можат да се одморат и релаксираат на плажата која е единствена поради црниот песок. Првите фотографии од плажата се навистина интересни.