Според резултатите од новото истражување, холандскиот Амстердам е прогласен за најпријателски туристички град на светот.
Истражувањето го спровела агенцијата “Authentic Vacations” која анализирала 10 големи градови и вклучила фактори како што се аеродроми во близина на градот, квалитетот на локалниот аеродром, севкупното задоволство од дестинацијата, познавањето на англиски јазик, достапноста за сместување и безбедноста.
Резултатот вели дека Амстердам претставува “одличен градски одмор”. Во него можат да се посетат многу интересни локации како и многу активности на дневно ниво – од посета на музеи до лежерни прошетки покрај каналите.
Кога сонцето ќе зајде, оживуваат рестораните, баровите и клубовите, а атмосферата е пријателска. Луѓето се срдечни и љубезни.
Ова е листата на најпријателски туристички градови на светот:
1. Амстердам
2. Виена
3. Дубаи
4. Лондон
5. Копенхаген
6. Њујорк
7. Берлин
8. Сиднеј
9. Хонг Конг
10. Ванкувер