Туристите го обожуваат: Овој град се наоѓа во внатрешноста на кратер создаден од удар на метеорит

|

Градот Нордлинген во Германија не се разликува од било кој друг град во околината. Тој впрочем се разликува од било кој друг град на целата планета.

Овој средновековен град со 20.000 жители е сместен во масивен кратер од метеорит со пречник од 25 километри. Кратерот настанал пред отприлика 14,5 милиони години, а пред помалку од 50 години се појавиле докази кои го утврдиле вистинското потекло на Нордлинген. 

Со години се верувало дека плитката депресија сред градот е всушност вулкански кратер.

Во 1960 година, двајца американски научници – Јуџин Шумејкер и Едвард Чао докажале дека депресијата е всушност предизвикана од удар на метеорит.

Во текот на посетата на црквата во градот Нордлинген, Шумејкер ги изгребал ѕидовите за да види од што се направени, а потоа се воодушевил од резултатите – станувало збор за кварц, вид на камен кој може да се формира само со ударни притисоци кои вообичаено се поврзани со удар на метеорит.

Постои уште еден кратер со пречник од 3,8 километри, кој се наоѓа околу 42 километри од центарот на Нордлинген, а се верува дека овие два кратери настанале речиси истовремено, под влијание на бинарен астероид.

Жителите на градот со векови живеат во кратер од метеорит, а ова брдо е всушност работ на кратерот.