Туристите од целиот свет го изгласаа најубавиот остров на планетата до кој патот трае речиси 24 часа

|

Читателите на списанието „Condé Nast Traveler“ неодамна го изгласаа најубавиот остров на целиот свет. Во продолжение прочитајте кое е тоа место и дали ќе се согласите со изборот на поголемиот дел од туристите.

Најубавиот остров на светот е Сиаргао кој се наоѓа на Филипините.

Ќе ви биде јасно и зошто токму овој остров е најпопуларното место на туристите кога ќе видите неколку фотографии од ова рајско место.

Него го красат плажи со бел песок и мирни шуми кои човечката рака не ги допрела.

На овој остров живеат околу 90 илјади луѓе и многу е популарен помеѓу туристите.

Сепак малку е потешко да се стигне до него.

Островот нема свој аеродром и доколку сакате да го посетите ќе мора прво да појдете до Манила, Сингапур, Сеул или Хонг Конг, откаде што за два часа со мал авион ќе долетате до островот Сиагаро. Поради оваа комбинација на летови патот може да потрае и до 24 часа, но секако дека на крајот сето тоа се исплаќа.

Сиаргао е познат како престолнина на сурферите на Филипини.

Тој е опкружен со кристално чисто море па затоа е идеална дестинација и за сите оние кои сакаат да нуркаат.

Кога станува збор за Европa, читателите на споменатото списание овие пет места ги изгласале за најубави острови:

1. Миконос, Грција ;
2. Крит, Грција; 
3. Парос, Грција; 
4. Искија, Италија; 
5. Ибица, Шпанија.