Турканици во „Орце Николов“ – конкурирале само одлични ученици, па со приемни испити ќе бидат исфрлени дел од нив

|

Родителите – нетрпеливи да ги слушнат резултатите од приемните испити. Децата – во уште поголема неизвесност.

Ѕвоното три месеци нема да го има, но некои ученици сè уште не знаат каде ќе го слушнат да заѕвони.

Ваков е случајот во скопската гимназија „Орце Николов“ каде што се пријавиле повеќе ученици отколку што има место во клупите.

Треба да се исполнат девет паралелки, а вишокот пријавени се филтрира денес преку приемни испити.

„НЕМАВ ДОВОЛНО ВРЕМЕ, СЕ ПОДГОТВУВАВ ДВА ДЕНА. НО, ЛЕСНИ БЕА ТЕСТОВИТЕ. ИМАШЕ И ПО НЕКОИ ТЕШКИ ПРАШАЊА АМА ЗАДОВОЛНА СУМ ОД ТОА КАКО ГО РЕШИВ ТЕСТОТ. МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ ПОЛОЖАМ, НО ВО СЛУЧАЈ ДА НЕ – ЌЕ СЕ ЗАПИШАМ ВО ДРУГА ГИМНАЗИЈА“ ИЗЈАВИ ЕДНА ОД ПРИСУТНИТЕ УЧЕНИЧКИ.

„ЈАС ЕДНОСТАВНО МИСЛАМ ДЕКА ОВА Е ДИСКРИМИНИРАЧКИ. ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА И ВО ДРУГИТЕ УЧИЛИШТА НЕМА ПРИЕМНИ ИСПИТИ, САМО НАШИТЕ ДЕЦА МОРААТ ДА ПОМИНУВААТ НИЗ ВАКВО НЕШТО. НО, НИЕ ОДНАПРЕД ГИ ЗНАЕВМЕ ПРАВИЛАТА НА ИГРА“ ИЗЈАВИ ЕДНА ОД ПРИСУТНИТЕ РОДИТЕЛИ ВО ДВОРОТ НА ГИМНАЗИЈАТА.“

Во оваа скопска гимназија, на конкурсот за упис на ученици во прва година се пријавиле 353 деца, од кои само петнаесет биле со просек под 5,00.

Поради тоа се прави и нова прелиминарна листа и квалификациско тестирање, на материјал од деветто одделение за предметите македонски јазик и литература и математика.

Освен во „Орце Николов“, приемни испити се одржуваат и во средното медицинско училиште.

„СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ГОЛЕМА БРОЈКА НА УЧЕНИЦИ, ДОКОЛКУ ПОВТОРНО ИМА ГОЛЕМА ГРУПА СО ИСТ БРОЈ НА ПОЕНИ КОИШТО НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ КЛАСИФИЦИРААТ – СПОРЕД НАСОКИТЕ КОИШТО ГИ ДОБИВМЕ ОД БИРОТО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, ИМА РЕЗЕРВЕН ТЕСТ КОЈШТО БИ ТРЕБАЛО ПОВТОРНО ДА СЕ РЕШАВА И ТОА БИ БИЛО ПОВТОРНО ДЕНЕС, НО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕМА ДА ДОЈДЕ ДО ТАКВА СИТУАЦИЈА. НИЕ НЕ СМЕ УЧИЛИШТЕ КАДЕ ШТО СЕ ЗАПИШУВААТ САМО ОДЛИЧНИ УЧЕНИЦИ ТУКУ И САМИТЕ УЧЕНИЦИ ПОКАЖУВААТ ДОСТА СОЛИДНИ РЕЗУЛТАТИ СО ПОМОШ НА НАСТАВНИОТ КАДАР. НАГРАДИТЕ КОИШТО ГИ ДОБИВААТ НА ДРЖАВНИТЕ И МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ СЕ РЕЛЕВАНТНИ ЗА ТОА“ ИЗЈАВИ МИТКО ДИМОВСКИ, ДИРЕКТОР НА СУГС „ОРЦЕ НИКОЛОВ“.

Досега никој не го контактирал менаџментот на гимназијата со барање за отворање на албанска паралелка, вели директорот откако во медиумите се шпекулираше на таа тема.

Според Димовски, квалитетната наставата треба да е приоритет и секогаш да биде пред сите политички шпекулации.