ИАКО има 40 години и три деца, турската актерка Бергузар Корел привлекува внимание со својата витка линија. Клучот за нејзиниот успех лежи во физичката активност, но признава и дека има денови кога едноставно е премногу мрзелива за да тренира.
„Тогаш морам да пешачам најмалку шест километри“, рекла таа.
Корел инаку има личен тренер кој и помага да ја одржува фигурата, но внимава и на исхраната. Пие најмалку литар и половина вода дневно и јаде само органска храна. Нејзиното мени е богато со мешунки и храна богата со протеини, а за доза јаглехидрати посегнува по ориз.
Инаку, кога таа и нејзиниот сопруг Халита Ергенч се подготвувале за серијата „Ти си моја татковина“ во 2016 година, и двајцата биле на диета. Имено, Халит глумел војник во грчко заробеништво, па морал да ослабне. Бергузар решила да го поддржи, па осмислила специјална диета која ја следеле заедно. По еден месец тој бил полесен за 14 килограми, а таа седум.
Во тоа време медиумите пишуваа дека Халит на сетот јадел ѓумбир, јаболка, моркови, цвекло, сиров спанаќ и целер. Често консумирал супа од тиква и салата од киноа, а пиел лимонада или сок од житарки. За уживање, двојката консумирала здрави грицки како што се крекери од бадеми и ленено семе или индиски ореви, путер од какао и бадеми, а се почестувале со слатки само во ретки прилики.