На 07.05.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет круз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(68) од Република Турција, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
На 07.05.2023 во 16.57 часот во СВР Скопје, Е.Д.(46) од Скопје пријавил дека на Транспортен центар во Скопје, додека бил на своето работно место како контролор во ЈСП, бил физички нападнат од Н.Л.(55) и Б.Л.(23), двајцата од с.Студеничани, скопско.
dobivaj vesti na viber
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.