Турски глумци: Преку скандали до богатство – ќе ви се сврти во главата од сумата која ја заработуваат од само една епизода

ИЗВОРСкопје24
|

На турската актерска сцена најплатени се оние кои креваат најмногу прашина во таблоидите! Но, што се случува кога скандалите стануваат поголеми од талентот? Секогаш има исклучоци од кои хонорарот им е фиксен независно од приватниот живот, па така и меѓу турските актери.

Сепак, откога на Балканот заживеаја турските серии, актерите од петини жили се трудат доволно да ги интригираат медиумите за случувањата од својот приватен живот, а со тоа да добијат повисок хонорар.

Нергул Јесличај е толку популарна што бара да биде исплатена неколку епизоди однапред. Хонорарот изнесува меѓу 20 и 25 илјади евра по епизода. Кога во 2010 година се разведе од Џем Озер, се дозна дека преживуваше пекол во бракот што секако и ја донесе сегашната слава.

Мерием Узерли и Халит Ергенч, си обезбедија одлична плата. Халит на почетокот беше познат како Сулејман Вечиленствениот, а кога се ожени со колешката од „1001 ноќ“ , Бергузар Корел, цената му скокна на 20 илјади евра. Неговата колешка Мерием Узерли на почетокот добивала хонорар од 4 илјади евра по епизода, а поради гласините дека бракот на Халит се распаѓа поради неа, се покачи на осум, па на 15 илјади евра.

Убавата Џансу Дере е една од ретките чие појавување во серија и гарантира скок на популарноста. По серијата „Езел“, Џансу имаше прилика своето гостување во „Сулејман величенствениот“ да го наплати по 15 илјади евра од епизода, што е сума која ја заработува главната актерка во сеијата, што дополнително и го подигна рејтингот на Џансу.

И на крајот, Еркан Петекаја и Ајча Бингол, се доказ дека славата и богатството се постигнуваат и без скандали. Двајцата фантастично ги одиграа своите улоги во серијата „Бурни времиња“ каде добиваа хонорар од 19 илјади евра по епизода. Но потоа и еркан влезе во скандал со колешката Нурјул Јесличај за време на снимањето на серијата „Парампарче“, по што јасно е дека паричникот му се здебелил.