Турските медиуми пишуваат дека Душко Тошиќ ја изневерил Карлеуша со позната актерка

ИЗВОРСкопје24
|

Глумицата Асли Енвер му била љубовница на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на Јелена Карлеуша, тврдат турските медиуми, а веста ја пренесе порталот „Дневник.хр“.

Наводно, аферата се случила лани, додека Душко играл за „Бешикташ“. Според турските медиуми, Душко неодамна бил во Истанбул и повторно се сретнал со Асли.

Запрашана за наводната афера, глумицата демантирала дека била во врска со Душко и рекла дека тие двајца воопшто не се познаваат.

„Смешни ми се вашите пишувања. Ги повредувате луѓето со вашите измислици“, рекла таа.

Асли во Турција е позната по улогата во серијата „Истанбулската невеста“, а и на нашата публика не и е непозната будејќи играте во една од познатите турски серии. Инаку, таа е во врска со музичарот Мурат Боза.

Јелена и Душко, пак, засега не ги коментираат јавно пишувањата на турските медиуми.