Турунџиева: Со сите таги и загуби, јас сум среќна

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката и писателка Сузана Турунџиева која пред неполни три месеци стана баба, со своите објави на социјалните мрежи секогаш ги мотивира своите пријатели.

„Без оглед на сите таги и загуби во минатото, јас сум секогаш среќна. Дали знаете зошто? Затоа што ние не сме она што сме биле вчера, или завчера. Ние имаме право да се развиваме и напредуваме. Така и јас. Денес знам дека од никого не очекувам ништо. Очекувањата се претвораат во болка и разочарување, а јас одамна не си дозволувам да бидам разочарана. Од никого и од ништо. Избрав живот со изненадувања, а не со разочарувања. А животот е сурово краток, и тоа постојано го имам на ум. Затоа, секогаш ги препрочитувам Шекспировите пораки:

– Пред да почнеш да зборуваш – слушај

– Пред да напишеш – размисли
– Пред да повредиш некого – осети
– Пред да почнеш да трошиш – заработи
– Пред да се помолиш – прости
– Пред да почнеш да мразиш – сакај, и
– Пред да умреш – живеј“, напиша Турунџиева.

Нејзината ќерка Лора и зетот Филип, на 7 март станаа родители на Јаков.

Пред неполни пет години ,таа го загуби сопругот Марјан, таткото на нејзината помала ќерка Матеа која има речиси девет години.

Лора има 19 години е ќерка на поранешниот пливачки ас, Александар Маленко.