Тврди дека тоа го може секој – заштедила 10.000 евра за една година (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ако секој месец едвај сврзувате крај со крај, можеби ќе ви помогнат советите на финансискиот експерт Кен Кемпбел, која ја основаше страницата „Sugar Mamma“.

Отворете посебна сметка за штедење

Кен која за 13 месеци заштедила 11 илјади долари тврди дека е клучно да одвоите сметка од која ќе трошите и сметка на која ќе штедите.

„Не смеете да имате една сметка, бидејќи може случајно, или дури намерно, да ја потрошите заштедата. Без оглед дали заштедата ќе ја чувате под јастук или на посебна сметка, немојте да ја чувате на исто место со парите кои ви се за трошење“, советува таа.

На крајот од денот соберете што е можно повеќе парички – кованици

Таа секојдевно го завршува денот со претресување на својата торба и паричник односно со собирање на сите парички и кованици кои ги има.

Исчистете ја сметката ден пред плата

„Постои нешто навистина можно во тоа ден пред платата на сметката да имате 0 денари. Дури и ако на сметката имам само еден долар, јас тоа го префрлам во заштедата“, вели Кен.

Преплатете ја кредитната картичка

Ако користите кредитна картичка, Кен советува да согирате малку повеќе пари на неа.