|
На 05.10.2023 околу 20.00 часот во близина на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода О.К.(22) од Мароко, соошти полицијата.
„Полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од Фронтекс на местото забележале шест лица мигранти, при што О.К., во обид побегне, физички нападнал полициски службеник од Фронтекс.
О.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на надлежните испратено до медиумите.