Уапсен и казнет со 30.000 евра Грк кој со автомобилот влечел врзано куче

|

Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи“.

Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.

Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува.