Пилотот кој со мал авион неколку часови надлетуваше над трговскиот центар Волмарт во Тупело, Мисисипи, и се закануваше дека ќе го урне леталото сепак слета и е уапсен од страна на полициските сили.
Полицијата во Тупело, ја потврди ваквата информација, пренесуваат медиумите.
Претходно од полициската управа информираа дека поради безбедносни причини трговскиот центар и блиските продавници биле евакуирани, а граѓаните биле повикани да ја избегнуваат оваа локација додека не се расчисти случајот.
Според локалните медиуми, со авионот наводно управувал вработен на аеродромот во Тупело како и дека станува збор за мал авион со два мотори кој со себе може да носи и девет патници.