|
Полициски службеници вчера уапсиле скопјанец баран со потерница за издржување затворска казна од три години.
-Синоќа околу 18:30 часот на ул.„Бистра“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги го лишија од слобода Р.М. (24) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од КЗ на Република Северна македонија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Како што наведуваат од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.