Министерот за внатрешни работи на Србија Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое денеска го изврши масакрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.
Дел од српските медиуми неофицијално јавуваат дека покрај таткото, уапсена е и мајката на момчето. Во домот на семејството бил извршен нов претрес. Засега не се познати повеќе детали.
Момчето, како што беше кажано на вонредна медиумска конференција, имало список со имињата на децата кои планирало да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што му го одзел на татко му.
-Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко, тој одел на стрелишта, вежбал пукање. Во секој случај, против таткото ќе бидат преземени мерките предвидени со законот“, изјави министерот Гашиќ.
Убиецот е син на угледен српски лекар, радиологот В.Кецмановиќ.
Тој пред две години работел во Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Дедиње.
Проф. Милован Бојиќ, не сакајќи да го доведе својот колега во никаква поврзаност со злосторството што го направи неговиот син, за „Новости“ изјавил дека сите на Дедиње го паметат угледниот радиолог како исклучителен стручњак и човек.
Докторот потекнува од угледно семејство на интелектуалци, а синот кој го извршил масакрот во училиштето го добил во првиот брак, пишуваат тамошните медиуми.