Убав повод: Пратеникот Антонио Милошоски ги покажа петте деца (ФОТО)

|

На 5 април пред две години, пратеникот Антонио Милошоски и сопругата Симона добија нов член во семејството, односно тие го добија своето петто дете.

Тој, најмалиот Филип, кој пред два дена наполни две години, на истиот ден имаше и крштевка, а неговиот горд татко, пратеникот Милошоски на „Фејсбук“ сподели фотографија од целото семејство на куп како прославува. Тој во описот напиша:

„На нашиот Филип вториот роденден му го честитавме со крштевка во манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези. За здравје, благослов и добри вести“ – сподели Милошоски во објавата.

Во коментарите, блиските и други добронамерни луѓе ги напишаа своите честитки и благослови за детенцето.

Антонио и Симона се горди родители на пет дечиња. Покрај најмалиот Филип, ги имаат ќерките Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12).