Препознатливиот лик од Македонската телевизија, прекрасната водителка Ели Танасковска е мајка на две ќерки кои веќе се возрасни, со кој како што вели е многу блиска и има одлична комуникација.
Нејзината помала ќерка Леона, пред некој ден имаше роденден, па по тој повод гордата мајка напиша емотивна посвета на социјалните мрежи.
„Среќа моја. Радост моја голема. Од првиот момент ми го направи животот полн со сончева светлина. Со радост најголема. За тебе нема препреки, само предизвици. Чекори и понатаму со сигурни чекори низ животот. Среќен роденден среќо моја. Нека биде цела среќа во тебе и уживај во љубовта.“
Таа откри дека семјеството и е навистина важно и дека честопати уживаат во топлата домашна атмосфера и дека честопати играат семејни игри.
„Навечер, се собираме дома и имаме некоја семејна игра. Стефан, момчето на Леона не дружи секоја вечер и имаме забава!“
Другата ќерка на Ели, Симона, долги години живее во Канада и има ќерка по име Изабела, која судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, обожава да се дружи со баба си.