Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, позната како Сања Барбика отиде во посета на својата сестра во Германија.
Семејството за секој човек на планетава е најбитното и најубавото нешто кое не полни со позитивна енергија. Моментите од заедничкото уживање пејачката ги сподели на Инстаграм со своите фанови.
Без шминка во домашна атмосфера, мора да се заклучи дека двете сестри изгледаат прекрасно и неверојатно личат една на друга.
Впрочем како и најмалиот член на згодната фамилија – малата внука на Барби која е вистински мал, сладок ангел, го продолжува семејниот ген кога е физикусот во прашање, а кој да знае, можеби ќе се метне во талентот и на тета Сања?