|
Пејачот Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа денеска по втор пат станаа родители. Наташа на свет го донесе синот Петар.
Среќниот татко оваа информација ја соопшти на социјалните мрежи, по што следуваа низа коментари со честитки за нивното бебе.
„Добредојде синко Петар“, напиша Стојаноски на својот профил на Фејсбук.
Минатиот јули тие ја добија ќеркичката Вероника, а се верија во месец декември 2019 година.