Маријана Новачевска, сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска долги години живее во Мелбурн, Австралија.
Маријана, иако одамна професионално се откажа од музиката и работи како стоматолог, за своја душа знае да запее во кругот на семејството. Неодамна, таа на Фејсбук профил објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.
„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип.
Под другата слика, на која се ќерката и снаата, Маријана напиша: Моите две ќерки. Ќерката на Маријана и на композиторот Тоде Новачевски, нејзиниот поранешен сопруг се вика Магдалена. Новачевски исто така често објавува фотографии од своите деца и со емотовини објави им ги честита родендените.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.